Mahmoud Barakat
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
КАИРО (АА) - Поглаварот на египетската Коптска црква, папата Тавадрос II во саботата ја одби средбата со заменик претседателот на САД Мајк Пенс, закажана за 20 декември во Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението Коптска црква се наведува дека одлуката е донесена поради потегот на администрацијата на САД во врска со Кудс, која беше донесена во погрешно време, не водејќи сметка за чувствата на милиони Арапи.
Ден претходно големиот имам на Ал-Азхар одби да се сретне со американскиот заменик-претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата го призна Кудс како главен израелски град и најави преместување на амбасадата на неговата земја од Тел Авив и покрај силното противење од меѓународната заедница.
Кудс останува во центарот на израелско-палестинскиот конфликт, а Палестинците се надеваат дека Кудс, кој моментно е под израелска окупација, ќе биде главен град на идната палестинска држава.