Ekip
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
МИНХЕН (АА) - Мајк Пенс, потпретседателот на САД изјави дека САД силно ќе го поддржува НАТО и истакна дека ќе бидат непоколебливи во нивната посветеност на трансатлантскиот сојуз, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде со Европа.
Пенс се обрати во Минхен на конференцијата за безбедност во своето прво првоокеанско патување во својство на потпретседател.
Говорот на потпретседателот имаше за цел да ги охрабри европските сојузници кога станува збор за американската надворешна политика под Трамп, и изрази подготвеност на САД за одржување на меѓународното партнерство.
Доаѓањето на Пенс во Германија е во момент кога Европа е во страв дека Трамп би можел да ги промовира изолационистичките тенденции и да не бара одговорност од Русија.