Tayfun Salcı,İnci Gündağ
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон вчера беа одржани протести поради полициско насилство, злоупотреба и силување на младото темномуресто момче Тео во Париз на почетокот од месецот, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите пред амбасадата на Франција во Лондон бараа полицајците кои го извршија нападот да бидат притворени. Тие ноеа транспаренти на кои пишуваше „Правда за Тео”, „Да нема веќе прикривања” и извикуваа слогани против расизмот и исламофобијата во Франција.
Француското обвинителство претходно подигна и обвиненија против четворицата полицајци кои се товарат за низа кривични дела, вклучувајќи силување и злоупотреба за време на апсењето на 22 годишниот темномурест Тео во предградието на северниот дел на Париз.
Еден полицаец е обвинет за силување, а преостанатите тројца се товарат за злоупотреба и прекумерна употреба на сила.