Islam Uddin
05 Октомври 2023•Ажурирај: 07 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Околу 190 лица се повредени откако тајфунот „Коину“ донесе силен ветар и дожд на југот на Тајван, што предизвика прекин на воздушниот и поморскиот сообраќај, известија локални медиуми денес, пренесува Анадолу.
„Меѓу 190 повредени има седум возачи на возила и на скутери, кои во округот Чиаи се забиле во паднатите дрвја“, објави Тајван Фокус, центар за итни операции на Чиаи.
Повеќе од 62.300 домови и деловни објекти и понатаму се без електрична енергија, а откажани се или се одложени летови кон 42 меѓународни и 182 домашни дестинации.
Кинеските власти најавија затворање на училиштата во Гуангдунг, приморска покраина во југоисточниот дел на Кина, бидејќи се очекува тајфунот да го зафати градот Шантоу во петок, известува државниот медиум „Глобал тајмс“.