Elena Teslova
05 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
МОСКВА (АА) - Русија ќе изгради поморски објект на Црноморската флота во отцепениот грузиски регион Абзахија, изјави денес претседателот на Абзахија, Аслан Бжанија, пренесува Анадолу.
„Потпишавме договор и во блиска иднина ќе има постојана руска поморска станица во областа Очамчирски“, изјави Бжанија за рускиот весник „Известија“.
Договорот, рече тој, има цел да го зголеми нивото на одбранбената способност на Руската Федерација и Абхазија, а таквата соработка ќе продолжи бидејќи со тоа се „обезбедуваат основните интереси“ на двете земји, а „безбедноста е пред сѐ“.
Грузиското Министерство за надворешни работи брзо изрази загриженост за одлуката на Русија.
Таа ја повика Москва „да ги почитува меѓународните обврски и да го спроведе договорот за прекин на огнот потпишан со посредство на Европската Унија на 12 август 2008 година“.
Грузија во период од 1992 до 1993 година водеше 13-месечна војна со абхазиските сепаратисти поддржани од Русија.
Во август 2008 година, во регионот избувна друг конфликт, познат како Јужноосетска војна. По осумдневни борби грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија еднострано прогласија независност од Грузија.
Русија ја поддржа одлуката што доведе до одлука на Грузија да ги прекине дипломатските односи.