Şeyma Uzundere
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
АНКАРА
Повеќе од 400 миленичиња угинаа поради огнометот за време на новогодишните прослави во Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Врз основа на податоците објавени од италијанското здружение за заштита на животната средина и животните, констатирано е дека најмалку 400 мачки и кучиња ги загубиле животите поради огнометот користен на новогодишните прослави.
Во веста исто така се нагласува дека стотици животни избегале од стравот предизвикан од гласните звуци.
И покрај ограничувањата за Ковид-19, во веста се потсетува дека повеќе од 360 мачки и кучиња угинале на минатогодишните прослави, додека оваа година бројката надмина 400.
Официјалните лица велат дека оваа бројка би можела да биде многу поголема доколку се вклучат и дивите животни.
Огнометот, кој се користи во организации како што се забава, прослави и свадби, негативно влијае на здравјето и животот на многу живи суштества, вклучувајќи ги и луѓето, поради мешањето на хемикалии и отровни гасови во воздухот.
Исто така, познато е дека фрлените огномети предизвикуваат многу птици да умираат од страв или да изгорат.