Riyaz Khaliq Khaliq
03 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Како последица на се поголемиот број на случаи на зараза со Ковид-19, уште еден град во Кина воведе карантин и ги прекина наставата и јавниот транспорт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите во Јужоу, град во централната кинеска провинција Хенан, воведоа нови мерки во неделата вечер, откако беа откриени две асимптоматски случаи на коронавирус, објави кинескиот дневен весник „Глобал тајмс”.
Мерката е воведена откако по зголемениот број на новозаразени со коронавирус во земјата, во Ксијан, главниот град на северозападната провинција Шанкси, се регистрирани околу 100 случаи на Ковид-19 по речиси една недела.
Во неделата во Кина се пријавени 161 нов случај, од кои 101 се локално пренесени, а 60 се увезени, соопшти Националната здравствена комисија.
Ксијан забележа раст на локални случаи на зараза предизвикани од варијантата Делта на Ковид-19, по пријавата на првите случаи на зараза во декември. Со 92 нови случаи во неделата, билансот се искачи на 1.666.
Според кинеската државна агенција „Синхуа Њуз“, најмалку 24 медицински тимови со 1.370 лекари и медицински сестри се распоредени во Ксијан за да одговорат на зголемениот предизвик со вирусот.
Локалните власти поставија и две болници во карантинската зона за итно лекување.