Ikrame Imane Kouachi
13 Јули 2024•Ажурирај: 14 Јули 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку уште 61 Палестинец се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на убиени од 7 октомври минатата година се зголеми на 38.443, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, пренесува Анадолу.
Во соопштението на министерството се додава дека 88.481 Палестинец се повредени во израелските напади.
„Во последните 24 часа, израелските сили убија 61 Палестинец, а ранија уште 129 во четири „масакри“ во Појасот Газа“, објави Министерството.
Во соопштението се додава дека голем број тела сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници на Појасот Газа на 7 октомври минатата година.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.