ekipa
02 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ПЕКИНГ
Во поплавите предизвикани по поројните врнежи од дожд, што неодамна ја зафатија кинеската провинција Хенан, смртно настрадаа најмалку 302 лица, а 50 се водат како исчезнати, известува Агенција Анадолија (АА).
Поголемиот дел од жртвите, 292, настрадале во подрачјето Џенгџоу, главниот град на кинеската провинција Хенан. Останатите 10 лица настрадале во други градови.
Врнежите од дожд на 20 јули предизвикаа поплави низ целата провинција Хенан. Во Џенгџоу поплавена е метро мрежата, а голем број патници беа заробени, од кои 14 смртно настрадаа.