Emre Gürkan Abay
02 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
МОСКВА
Пожарите продолжуваат да беснеат низ Русија, а избија на 217 локации и зафатија подрачје со површина од 837.813 хектари, известува Агенција Анадолија (АА).
Руската федералната агенција за шуми соопшти дека во тек се акциите за гасење на пожарите што и понатаму се активни на истокот од земјата.
Во соопштението се вели дека вчера под контрола се ставени 36 опожарени локации.
„Заклучно со 1 август продолжуваат пожарите на вкупно 217 локации со површина од 837.813 хектари. Во Јакутија активни се 115, а во Иркуцк 51 пожар“, се вели во соопштението.
Во продолжение се наведува дека во акциите за гаснење на пожарите учествувале околу 5.000 луѓе и неколку стотици возила.
Пожарите што во јули избија во Сибир, во пепел претворија територија со површина од 1,3 милиони хектари, а тамошните власти прогласија вонредна состојба.