Ruslan Rehimov
02 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
БАКУ
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека единиците на ерменската Војска отвориле оган врз азербејџанските позиции во Автономната Република Нахчиван, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на азербејџанското Министерство се наведува дека од позициите во близина на селото Араздејен, што ѝ припаѓа на ерменската Општина Веди, пукано е врз азербејџанските позиции во населбата Хајдарабат, во Седерек, во Нахчиван, во 3:27 часот по локално време.
Во продолжение се наведува дека во нападот нема настрадани азербејџански војници и дека адекватно е одговорено на ерменскиот напад.
Ерменската Војска и вчера го прекрши примирјето на истото подрачје.