Dildar Baykan
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Компјутерски пирати ̶ хакери побарале откуп откако го презеле управувањето со комјутерскиот систем на компанијата „Disney“ (Дизни“) во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави BBC (Би-би-си), Боб Ајгер, извршен директор на компанијата „Disney“, на состанокот со вработените соопштил дека компјутерски хакери успеале да влезат во компјутерскиот систем на компанијата и да украдат еден од филмовите што сè уште не е претставен пред филмската публика.
Извршниот директор Ајгер на средбата со вработените рекол дека од компанијата се бара откуп, и доколку откупот не биде исплатен, хакерите се заканиле дека украдениот филм ќе биде пуштен на интернет во делови што ќе бидат со времетраење од 20 минути.
Ајгер ја одбил уцената и поднел пријава до полицијата. Главниот извршен директор на Дизни не го обелодени насловот на украдениот филм.
Според веб-страницата Deadline, која е позната по своите вести од Холивуд, станува збор за филмот „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“ (Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар).
Компјутерските пирати минатиот месец навлегле во системот на „Netflix“ (Нетфликс“ и успеале да ја преземат петтата сезона од серискиот филм „Orange is the New Black“ (Портокаловата е новата црна), барајќи откуп.
Откако компанијата одби да го плати откупот, на интернет се најдоа неприкажаните делови од серијата.