Elvir Hocic
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ХАВАНА (АА) - Светската програма за храна (WFP) објави дека во Куба ќе испрати итна хуманитарна помош во вредност од 5,7 милиони долари, со цел да помогне во обновувањето на таа земја од последиците предизвикани од катастрофалниот ураган Ирма, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли, ја посети Хавана и најави испраќање на 1,5 милиони долари итна помош во храна, а во следните четири месеци и нови пакети со помош во вкупна вредност од 5,7 милиони американски долари.
Хуманитарните организации веднаш ќе почнат да делат ориз и грав на жителите од зафатените региони.
Информациите ви врска со билансот на штетите предизвикани од минатонеделниот ураган Ирма во Куба сè уште се собираат од теренот, но невладините организации и агенциите на ОН веќе предупредуваат дека на островот му е потребна меѓународна помош за да се извлече од кризата.
Во налетот на ураганот кој ја зафати Куба загинаа десет лица, а беа зафатени 13 од вкупно 15 покраини.