Aydoğan Kalabalık
07 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
КАИРО (АА) - Триесетгодишниот свештеник Фалтаус Макари се наоѓа во критична состојба по скокот од зграда во манастирот Макариос, во египетското место Натрун, јавува Anadolu Agency (AA).
Свештеникот Макари ја истражуваше историјата на црквата. Младиот свештеник се наоѓа во критична состојба. Надбискупот на манастирот, Анба Епифаниус, почина на 29 јули под многу чудни околности.
Египетските безбедносни сили спроведуваат истрага во врска со самоубиствата во манастирот. По убиството на надбискупот, минатата недела конзулатот на манастирот и свештениците, предводен од патријарх Тавадрос II, лидер на египетската Коптска црква, донесе забрана за користење социјални мрежи.