Adham Kako
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
АНКАРА (AA) - „Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во нападите на населбите минатиот месец 528 пати користеле барел бомби“, наведува Сириската мрежа за човекови права (SNHR), јавува Anadolu Agency (AA).
SNHR објави извештај за нападите со барел бомби кои минатиот месец припадниците на режимот ги извршија на населбите во подрачјата под контрола на опозицијата.
Во извештајот се наведува дека во нападите со барел бомби загинале девет цивили, меѓу кои пет деца и две жени.
Се истакнува дека режимот на Асад и Русија имаат за цел преку нападите на подрачјата на југот на земјата да го натераат населението на миграции.
Режимските сили извршија 496 напади со барел бомби врз подрачјето на Дера, 28 врз Кунејтра, а четири врз Идлиб.
Од јануари до јули оваа година припадниците на режимот извршија 3.436 напади со барел бомби.
Режимот се одлучува за овие бомби поради ниските цени на експлозивните средства кои имаат висока разорна моќ.