Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Safiye Karabacak
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
РИЈАД (АА) - Велика Британија, за првпат по признанието на Саудиска Арабија дека новинарот Џамал Кашоги е убиен во Конзулатот на оваа земја во Истанбул, во посета на Ријад го испрати својот висок официјален претставник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција СПА јавува дека саудискиот крал Селман бин Абдулазис во Ријад се состанал со специјалниот пратеник на британската премиерка Тереза Меј, Сајмон Мекдоналд.
На состанокот разговарале за билатералните односи, а на средбата присуствувале министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир и амбасадорот на Велика Британија во Ријад, Сајмон Колинс.