Ekipa
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска во Париз изјави „Европа е моќна економска формација и унија. Затоа, многу е природно барањето од страна на нејзините земји членки за независна одбрана и безбедност. Сметам дека тоа е позитивен развој во денешниот мултилатерален свет“, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата по повод 100. годишнина од завршувањето на Првата светска војна, Путин, кој престојува во Париз, одговараше на прашањата на „Русија тудеј“ (Russia Today) во Франција.
Во врска со прашањето за Европска армија, што претседателот на Франција, Емануел Макрон, неодамна повторно го постави на дневен ред, Путин рече „Европа е моќна економска формација и унија. Затоа, многу е природно барањето од страна на нејзините земји членки за независна одбрана и безбедност. Сметам дека тоа е позитивен развој во денешниот мултилатерален свет.“
Путин, велејќи дека во тие рамки Франција игра значајна улога, истакна дека идејата за Европска армија би била алтернатива на НАТО.
- Средбата Трамп - Путин остана за Самитот Г-20 -
Путин истакна дека со претседателот на САД, Доналд Трамп, само се поздравиле, дека немале можност за билатерална средба и додаде дека средба со Трамп ќе има на 30 ноември, во рамките на Самитот Г-20 кој ќе се одржи во Аргентина.