Erbil Başay
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
БЕРЛИН
Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, најави дека по пожарите во бегалскиот камп „Мориа“ на грчкиот остров Лезбос, во таа земја ќе бидат сместени меѓу 100 и 150 од 400 деца без придружба префрлени од островот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зехофер со заменик-челникот на Советот на ЕУ, Маргаритас Шинас, одржа прес-конференција и потсети дека состојбата во кампот „Мориа“ е исклучително тешка.
Тој смета дека е неопходно да се пружи помош и да се обезбеди сместување за луѓето кои присуствувале во кампот „Мориа“ и додаде дека грчката администрација, со која имаат блиска соработка, доставила листа за да се пружи помош во совладувањето на предизвиците.
Тој додаде дека во моментов настојуваат, во координација со хуманитарни организации, да пружат помош што е можно поскоро.
Во исто време, тој изјави дека интензивно работат на прием на околу 400 малолетни лица без придружба кои се префрлени на копното и дека голем дел од овие деца ќе бидат прифатени од Германија и Франција.
Тој најави дека Германија ќе прифати меѓу 100 и 150 деца без придружба, а исто толку ќе прифати и Франција. Тој изјави дека не може да открие повеќе детали, со оглед на тоа што преговорите сѐ уште траат. Зехофер рече дека преостанатите деца ќе бидат примени од осум европски земји кои учествуваат во процесот.
Додаде дека целта е да се донесат децата до крајот на месецот, а меѓу земјите што ќе обезбедат поддршка се Финска, Луксембург, Словенија, Холандија, Хрватска, Португалија, Швајцарија и Белгија, додека Австрија не е меѓу нив.
Зехофер изјави дека Германија презела голема одговорнот кога се во прашање бегалците и дека од 2015 година примила околу 1,73 милион бегалци.
Германскиот министер наведува дека прашањето за миграциите е можно да се реши единствено на меѓународно ниво и соработка во Европа.
Тој потсети дека со проблемот со бегалците не се соочува само Грција, туку и Малта, Италија и Шпанија.
„Овој проблем треба да го решиме што побрзо“, смета Зехофер.
Шинас изјави дека кампот „Мориа“ е уништен и дека на грчките власти ќе им предложи формирање на ново и модерно тело за процесот на одобрување азил да биде побрз.
Додаде дека пожарот во кампот „Мориа“ покажал што Европа треба да промени во својата бегалска политика.
Тој изјави дека целта е да се постигне договор со земјите кои бегалците ги користат како транзитни рути, а дека нивните животи не би биле во рацете на криумчарите.
Верува и дека ЕУ треба да развие заедничка мигрантска политика и политика на азил.
По пожарите кои избија пред два дена во бегалскиот камп „Мориа“, на грчкиот остров Лезбос, вчера огнена стихија се појави на три точки.
На терен се пратени припадниците на полицијата и пожарникарните единици, а полицијата во близина на кампот постави барикади за да ги спречи мигрантите во намерата да одат кон центарот на градот.
Во кампот „Мориа“ беа сместени околу 12.500 мигранти, а од минатата недела се потврдени најмалку 35 случаи на заразување со Ковид-19.