Vesna Besic
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Стотици семејства од подрачјето во близина на границата помеѓу Ирак и Иран, кои во неделата беа погодени од земјотрес со јачина од 7,3 степени, ноќите и деновите ги поминуваат под отворено небо, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 407 лица загинаа во западниот дел на Иран, а повеќе од 7.000 беа повредени. Граѓаните во областа Серпол Захаб се обидуваа да ги извлечат од под урнатините своите лични работи кои не се целосно уништени. Покраинската влада во Керманшах прогласи тридневна жалост.
Стотици семејства се сместени во шатори, во импровизирани засолништа, а голем број од нив во местото Дербендехар, во областа Сулејманија (Ирак), ноќта ја поминуваат под отворено небо. Меѓу нив има и голем број деца.
Американскиот центар за геолошки истражувања во неделата вечер регистрира земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот беше недалеку од ирачкиот пограничен град Халебџе.