Seyit Aydoğan
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ТОРОНТО (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека бројот на војниците во Авганистан ќе биде зголемен на 16.000, колку што е потребно да бидат во 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, кој престојува во канадскиот град Халифакс по повод Меѓународниот форум за безбедност, одговори на прашањата на новинарите на „Associated Press“ (Асошиејтед прес).
Тој истакна дека е сигурен оти НАТО успешно ќе ја заврши мисијата за обука на војниците во Авганистан и рече:
„Верувам дека со влегувањето во 2018 година ќе бидеме доволно силни. Сегашниот број на војници, кој изнесува 13.000, ќе се зголеми на 16.000“, рече Столтенберг, кој престојува во канадскиот град Халифакс, на Меѓународниот форум за безбедност.
Тој, исто така, нагласи дека овие единици нема да учествуваат во воените дејства, туку ќе им помогнат на авганистанските сили во формирањето на специјалните единици.
Столтенберг истакна дека во Авганистан сѐ уште траат жестоките конфликти, додавајќи дека авганистанската армија може во секој момент да одговори на нападите на Талибанците.
„Покрај тоа, Авганистанците не дозволија да се преземе контролата над било која од покраинските престолнини во земјата, што беше цел на талибанците поставена за оваа година“, рече Столтенберг.
Столтенберг, исто така, ги сподели информациите дека Катар и Обединетите Арапски Емирати ќе испратат свои единици во регионот.