свет

ПКК во нападите врз турските безбедносни сили користи АТ-4 произведен од Шведска, која бара членство во НАТО

Според информациите до кои стигна Агенција Анадолија (АА) од безбедносни извори, противтенковската ракета АТ-4 произведена од Шведска, нашироко е користена од страна на терористичката организација ПКК

Kemal Karadağ  | 19.05.2022 - Обновена : 20.05.2022
ПКК во нападите врз турските безбедносни сили користи АТ-4 произведен од Шведска, која бара членство во НАТО

АНКАРА (АА) - ЌЕМАЛ КАРАДАГ -

Теророистичката организација ПКК користи противтенковска ракета АТ-4 од шведско производство во бројните напади против турските безбедносни сили во земјата и преку границата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои стигна Агенција Анадолија (АА) од безбедносни извори, противтенковската ракета АТ-4 произведена од Шведска, нашироко е користена од страна на ПКК.

Шведска која аплицира за членство во НАТО заедно со Финска, ги остави без одговор барањата на Турција за екстрадиција на припадниците на терористичките организации ФЕТО и ПКК.

Утврдено е дека еднократното противтенковско оружје АТ-4 терористичката ПКК го користела во земјата и прекуграничните напади против турските безбедносни сили.

За последен пат, противтенковската ракета АТ-4 се наоѓаше меѓу запленетото оружје од пештера што ја користеа терористите на ПКК во регионот на операцијата „Канџа-катанец“.

Противтенковската ракета АТ-4 е запленета во следните операции на Турските вооружени сили:

- Противтенковската ракета АТ-4 е запленета за време на претресот спроведен по огнот отворен врз турските безбедносни сили во регионот на планината Хисар од Авашин-Басјан во северен Ирак на 24 септември 2018 година.

- Вкупно седум противтенковски ракети АТ-4 се истрелани од регионот Хакурк во северен Ирак на 11, 15, 23 и 28 декември 2018 година.

- Противтенковска ракета АТ-4 е запленета во засолништето каде што се наоѓаа терористите на ПКК во регионот на Бестлер-Дерелер, Гашинор во Ширнак на 7 април 2019 година.

- Противтенковска ракета АТ-4 е запленета при претресот во регионот по нападот извршен врз турските безбедносни сили на обиколницата Ширнак-Силопи на 26 јули 2019 година.

- Запленети се две противтенковски ракети АТ-4, од кои едната неискористена, а другата користена во нападот на турските безбедносни сили извршен на патниот правец меѓу Чизре и Ширнак на 19 август 2019 година.

- На 26 октомври 2019 година запленети се четири противтенковски ракети АТ-4 кај терористи кои се обидоа да се инфилтрираат во Турција од северен Ирак и беа неутрализирани со операцијата на турските безбедносни сили.

- Противтенковска ракета АТ-4 е запленета за време на претресот кај потокот Раш во северен Ирак на 24 јули 2020 година.

- Три противтенковски ракети АТ-4 се запленети во операција во селото Огул во Хакќари на 19 септември 2020 година.

- Две противтенковски ракети АТ-4 се запленети во селата на областа Дереџик во Хакќари на 14 октомври 2020 година.

- Противтенковска ракета АТ-4 е запленета во селото Кирча, во областа Дереџик во Хакќари, на 4 ноември 2020 година.

- Три противтенковски ракети АТ-4 се запленети во селото Огул во централната турска област Хакќари на 13 ноември 2020 година.

- Три противтенковски ракети АТ-4 се запленети во село на централната област Хакќари на 10 октомври 2021 година.

- Противтенковска ракета АТ-4 е запленета во селото Ѓучлу во областа Јуксекова во Хакќари на 17 октомври 2021 година.

- Три противтенковски ракети АТ-4 се запленети во селото Кавакли во централната област Хакќари на 20 октомври 2021 година.

- Противтенковска ракета АТ-4 во селото Дерелер во областа Ширнак на 23 ноември 2021 година.

- Карактеристики на АТ-4

Системот за оружје, кој има широк спектар на производи, е едно од најчесто користените лесни противтенковски оружја во светот. Ефективниот дострел на АТ-4, кој може да го носи и користи едно лице, е 200 - 1.000 метри.

Противтенковската ракета е дизајнирана да го уништи или да го спречи движењето на оклопните возила на пешадиските единици.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.