свет

Писмо на Алберт Ајнштајн продадено за 40.000 долари во Израел

- Писмо напишано од Алберт Ајнштајн до неговата сестра, во кое ја предупредува за зголемениот антисемитизам и национализам во Германија, е продадено на аукција во Израел за речиси 40.000 долари

Mahmoud Barakat  | 14.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
Писмо на Алберт Ајнштајн продадено за 40.000 долари во Израел

Erusalim/Kuds

ЕРУСАЛИМ (АА) - Писмо напишано од физичарот Алберт Ајнштајн на неговата сестра, во кое ја предупредува за зголемениот антисемитизам и национализам во Германија, е продадено на аукција во Израел за речиси 40.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Писмото е напишано во 1922 година од страна на нобеловиот лауреат до неговата сестра Марија, 11 години пред нацистите да ја заземат власта во Германија во 1933 година. Во писмото Ајнштајн ја предупредува својата сестра за зголемениот национализам во Германија и за растечкиот антисемитизам во земјата.

Тој, исто така, во писмото го споменува атентатот на германскиот министер за надворешни работи, Валтер Ратенау, кој бил Евреин, а чиј атентат бил извршен од десничарите во октомври 1922 година.

„Тука започнаа економски и политички мрачни времиња, затоа сум среќен што сум во можност да се извлечам од сè“, пишува во писмото Ајнштајн, кој исто така беше Евреин.

Ајнштајн ѝ пишува на својата сестра дека почнал да се сокрива, откако бил предупреден од полицијата дека можеби неговиот живот е во опасност по атентатот на Ратенау.

Не се дадени информации во врска со тоа кој го купил писмото.

Роден на 14 март 1879 година, Ајнштајн е опишан како најважен теоретски физичар на 20 век.

Тој ја разви теоријата на релативноста и направи значителен придонес во квантната механика, статистичката механика и космологијата.

Ајнштајн беше награден со Нобелова награда за физика во 1921 година, за признавање на неговиот придонес во теоретската физика и фотоелектричниот ефект.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.