свет

Израелците го повикуваат Нетанјаху да поднесе оставка

- Демонстрантите ја осудија одлуката на Нетанјаху за одобрување на договорот за прекин на огнот во Газа, обвинувајќи го за „предавство на народот на јужен Израел“.

Anees Suheil Barghouti  | 14.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
Израелците го повикуваат Нетанјаху да поднесе оставка

Israel

ЕРУСАЛИМ (АА) - Голем број Израелци денес излегоа на протести пред израелскиот парламент Кнесет во Ерусалим, повикувајќи го израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, да поднесе оставка во врска со постигнатиот договор на палестинските фракции со Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрантите ја осудија одлуката на Нетанјаху за одобрување на договорот за прекин на огнот во Газа, обвинувајќи го за „предавство на народот на јужен Израел“.

Овие протести избија ден откако палестинските групи за отпор во Газа објавија дека постигнале договор за прекин на огнот со Израел, со посредство на Египет.

Четворица израелски министри, сепак, го објавија своето противење на договорот, вклучително и министерот за одбрана, Авигдор Либерман.

Овој договор е постигнат откако најмалку 14 Палестинци беа убиени во израелските напади од неделата во блокираниот Појас Газа, по ракетниот оган од приморска територија.

Најмалку еден израелски војник загина, а друг е повреден во насилството.

Од март израелските сили убија повеќе од 200, а ранија неколку илјади Палестинци, кои протестираат во пограничниот Појас Газа и бараат ставање крај на израелската блокада и окупацијата на палестинската територија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.