свет

Израелските сили убија палестински рибар

- Израелските сили убија еден палестински рибар кој ловел на отворено море кај Појасот Газа, подрачје кое е под израелска блокада

Nour Mahd Ali Abu Aisha, Said İbicioğlu  | 14.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
Израелските сили убија палестински рибар

Gaza

ГАЗА (АА) - Израелските сили убија еден палестински рибар кој ловел на отворено море кај Појасот Газа, подрачје кое е под израелска блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа, 20-годишниот палестински рибар Неваф Ахмед ел Атар кој ловел на северната морска граница на Газа, го загубил својот живот како резултат на истрелите упатени од страна на израелските војници.

Ова министерство не објави повеќе детали за случајот.

Од друга страна, во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека Атар бил ранет во стомакот од истрели што ги упатиле израелските војници од брзите воени глисери, додека тој ловел во морето.

Од 2006 година навака, Израел под блокада од копно, море и воздух го држи Појасот Газа, во којшто живеат околу 2 милиони Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın