Ahmet Furkan Mercan
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
ТОКИО (АА) - Во Јапонија петти ден продолжуваат спасувачките операции за пребарување и спасување од поплавата и свлечиштето во кои загинаа 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку 130 куќи се уништени во катастрофата што на 3 јули се случи југозападно од главниот град Токио, во местото Атами, во јапонската префектура Шизуока.
Градските власти објавија дека во спасувачките операции за пребарување и спасување се пронајдени телата на уште 3 лица, со што број на починати се зголеми на 7.
Се проценува дека повеќе од 20 лица се водат за исчезнати по поплавата и лизгањето на земјиштето во градот.
Во подрачјата на Атами погодени од катастрофата, екипите за пребарување и спасување составени од пожарникари, полициски и воени единици продолжуваат со отстранување на урнатините, трагајќи по исчезнатите за кои се смета дека се затрупани во свлечиштето.