Ekipa
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ПАРИЗ (АА) - Петмина се уапсени утринава откако во Париз минатата недела беше откриена експлозивна направа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Париската полиција соопшти дека жителите рано во саботата дојавиле оти во зградата во 16. округ забележале нешто сомнително.
Неименувано судско официјално лице изјави дека експлозивната направа е пронајдена и деактивирана. Петмината осомничени се задржани во притвор, а против нив е започната истрага.
Инцидентот се случи ден пред нападот во Марсеј, во кој напаѓачот со нож усмрти две жени на главната железничка станица.
Неговите мотиви не се познати, а одговорност за нападот презеде терористичката организација ДЕАШ.
Се очекува денес, во текот на денот, францускиот Парламент да усвои нов закон за борба против тероризмот.