Safvan Allahverdi
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Републиканскиот сенатор, Линдзи Грем, истакна дека Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) - Пентагон подготвува план за заштитување на нафтените извори во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Грем даде изјава за медиумите по брифингот одржан во Белата куќа со началникот на Генералштабот на американската Армија, Мајк Мили, на кој учествуваа 10 сенатори, меѓу кои и Грем.
Тој нагласи дека треба да се заштитат нафтените извори во Сирија.
„Началникот на Генералштабот, Мили, подготвува план со цел да спречиме нафтата во одредените зони во Сирија да не дојде во рацете на ДЕАШ и Иран“, рече Грем, но не даде повеќе детали за овој план.
Американските медиуми тврдат дека оклопна бригада составена од 30 тенкови од типот „Абрамс“ ќе биде испратена со цел заштитување на нафтените полиња.