Jeyhun Aliyev
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) на Турција би требале да ѝ го предадат водачот на терористичката група ЈПГ/ПКК Фехрат Авди Шахин, чие кодно име е Мазлум Кобани, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за терорист за кој е распишана црвена потерница и по кого трага и Итерпол.
Во разговор за Турската радио - телевизија (ТРТ), Ердоган истакна дека неговата земја веќе осум години ја вознемируваат терористите од северот на Сирија.

Напомена дека некои земји на НАТО дури и ја вооружувале терористичката група ЈПГ/ПКК и дека претставниците на Германија, Франција и САД се состанувале со водачите на оваа терористичка организација.
Уште еднаш го повтори претходниот став на официјална Анкара дека неговата земја нема никакви проблеми со Курдите.
„Курдите се наши браќа, ние со нив немаме проблеми, се бориме само против терористите", рече турскиот претседател.
Ердоган исто така ја истакна солидарноста помеѓу Турција, Русија и Иран спречила „крвопролевање" во Идлиб во Сирија.
Се осврна и на делувањето на Арапска лига, напоменувајќи дека не успеала да понуди одговори ниту на еден проблем на исламскиот свет.
Остро го критикуваше ставот на Арапската лига кон антитерористичката операција на Турција во Сирија, додавајќи дека тој блок не ѝ помогнал на Турција за време на прифаќање на милиони Арапи во својата земја.
Исто така, истакна дека Турција планираше да изгради болници и училишта во безбедната зона на северот на Сирија ѝ да обезбеди доброволно враќање на бегалците на тоа подрачје, напоменувајќи дека на Анкара ѝ е потребна меѓународна поддршка за враќање на бегалците.
На крајот уште порача дека цивилизарниот свет без ниту малку дилема мораше да биде на страна на Турција.
Напомена дека турската делегација на 13 ноември ќе ги посети САД и ќе разговара за неодамнешните случувања на северот на Сирија како и за билатералните односи.