Пентагон одобри испорака на ракети Томахавк за Украина, конечната одлука е на Трамп
Украина ги побара ракетите од Вашингтон за гаѓање на енергетски и инфраструктурни цели во Русија
Istanbul
Пентагон одобри испорака на ракетите Томахавк за Украина, утврдувајќи дека овој потег нема да влијае врз американските резерви, според американски и европски претставници, пренесува Анадолу.
Конечната одлука, сепак, останува на претседателот Доналд Трамп.
Си-ен-ен денес објави дека процената на Пентагон била доставена до Белата куќа претходно овој месец, кратко пред средбата на Трамп со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Вашингтон. Украина ги побара ракетите за гаѓање на енергетски и инфраструктурни цели во Русија.
Системот Томахавк има дострел од приближно 1.600 километри и обично се лансира од бродови или подморници.
Официјалните претставници од одбраната на САД изјавија дека неколку оперативни прашања, вклучително и обуката и начинот на распоредување, се во фаза на разгледување.
Процената на Пентагон беше позитивно оценета од неколку европски сојузници, кои рекоа дека ја отстранува загриженоста за достапноста на ракетите. Изработени се планови за брза испорака на системите доколку претседателот го одобри трансферот.
За време на работниот ручек со Зеленски во Белата куќа, Трамп рече дека на Соединетите Американски Држави „им се потребни“ ракетите Томахавк и не сакаат да „даваат работи што ни се потребни за да ја заштитиме нашата земја“.
Според Си-ен-ен, ставот на Трамп се сменил по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека ракетите Томахавк би можеле да стигнат до руските градови, вклучително и Москва и Санкт Петербург, а дека негативно ќе влијаат врз билатералните односи.
Белата куќа и Пентагон не излегоа со коментар.
Претходно Зеленски рече дека Украина има цел да го зајакне својот капацитет за напад со долг дострел до крајот на годината, велејќи дека „глобалните санкции и нашата прецизност практично се синхронизираат за да ја завршат оваа војна под фер услови за Украина“.
Во меѓувреме, Путин и Кремљ постојано предупредуваа дека испораката на ракетите Томахавк од САД за Киев би можеле да доведат до „сериозна ескалација“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
