Украина тврди дека уништила половина од руските системи за противвоздушна одбрана Панцир
„Од почетокот на 2025 година до денес уништивме 48% од непријателските системи Панцир. Ова е приоритет поставен од претседателот на Украина“
Istanbul
Украинските сили уништија речиси половина од руските системи за противвоздушна одбрана Панцир од почетокот на годината, изјави шефот на Безбедносната служба на Украина (СБУ), Васил Малјук, на брифингот со претседателот Владимир Зеленски, јавува Анадолу.
Малјук рече дека и покрај силната воздушна одбрана на Русија, украинските бранители постигнале „значајни успеси“ против системите Панцир, кои се дизајнирани да им се спротивстават на беспилотните летала со долг дострел.
„Од почетокот на 2025 година до денес уништивме 48% од непријателските системи Панцир. Ова е приоритет поставен од претседателот на Украина“, истакна тој.
Тој додаде дека Русија произведува околу 30 вакви системи годишно, но дека бројот на уништени веќе ја надминува оваа бројка.
Панцир-С1, дел од руската армија во 2012 година, се користи за одбрана на клучните објекти од воздушни закани како авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети и беспилотни летала. Надградениот модел Панцир-С2 има модернизиран радар способен да детектира цели на оддалеченост над 40 километри.
Системите Панцир комбинираат ракети земја-воздух и топови со брзо истрелување способни да погодат цели на растојание до 20 километри и на височини од 15 километри.
Руските власти сè уште не одговориле на тврдењата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
