АНКАРА (AA) - Американскиот претседател Мајк Помпео изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) и Турција се дговорија за прекинување на оганот во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на делегациите на двете земји во Анкара, Пенс на новинарите им рече дека е договорено дека турската операција „Извор на мирот" ќе биде запрена на 120 саати
„Исто така, Турција и САД постигнаа договор за потполно уништување на ДЕАШ на североистокот на Сирија", рече Пенс и додаде дека неговата земја ќе помогне во повлекување на ЈПГ/ПКК.
„САД ќе го олеснат повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од безбедносната зона во Сирија", рече Пенс и додаде дека неговата земја ќе помогне и во повлекувањето на ЈПГ/ПКК.
Истакна и дека економските санкции ќе и бидат укинати на Турција кога ќе биде воспоставен траен прекин на огнот на североистокот на Сирија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс. Состанокот на Ердоган и Пенс траеше околу еден час и 40 минути.
На приемот присуствуваше и специјалниот претставник на САД за Сирија, Џемјс Џефри. По приемот одржана е и средба на делегациите на двете земји.
Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес допатуваа во официјална посета на Република Турција.
Вчера во Турција допатува и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, кој се состана со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Турските и американските делегации во Анкара денеска разговараа за низа билатерални теми, како и за ситуацијата во Сирија.