Dildar Baykan
17 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со зборовите: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милони животи", јавува Anadolu Agency (AA).
Недолго по состанокот на делегациите на Турција и САД во Анкара, Трамп на Твитер напиша дека доаѓат убави вести од Турција.
„Милиони животи ќе бидат сочувани", напиша Трамп и му се заблагодари на претседателот Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс. Состанокот на Ердоган и Пенс траеше околу еден час и 40 минути.
На приемот присуствуваше и специјалниот претставник на САД за Сирија, Џемјс Џефри. По приемот одржана е и средба на делегациите на двете земји.
Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес допатуваа во официјална посета на Република Турција.
Вчера во Турција допатува и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, кој се состана со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Турските и американските делегации во Анкара денеска разговараа за низа билатерални теми, како и за ситуацијата во Сирија.