Sümeyye Dilara Dinçer
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
АНКАРА
Парче торта од свадбата на принцот Чарлс и Лејди Дијана, кое се криеше досега, на аукција беше продадено за 1.850 фунти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на магазинот „Вик“ (The Week), парче од една од 23-те торти на венчавката на Чарлс и Лејди Дијана во 1981 година, е продадено на аукција на бизнисменот Гери Лејтон.
Се наведува дека Лејтон, за кого се истакнува дека е сопственик на компанија за изнајмување луксузни бродови, следната недела од Јоркшир ќе отиде во Глостершир за да го земе парчето торта кое е недопрено.
Парчето торта, кое привлече голем интерес на аукцијата, се очекуваше да се продаде за 500 фунти, а неговата продажба за 1.850 фунти ги изненади аукционерите.
Врз парчето торта прикажан е кралскиот грб во златна, сребрена, црвена и сина боја.