Ahmet Furkan Mercan
31 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
ТОКИО (АА) - Во Јапонија денес се одржуваат општи избори на кои се бира нов состав на Претставничкиот дом на Парламентот на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА.)
Речиси 47.000 гласачки места се отворени утринава во седум часот по локално време во 47 јапонски префектури.
Претставничкиот дом на Јапонија има вкупно 465 пратенички места, а за влез во новиот состав на таа институција се борат 1.051 кандидат, вклучително и 186 жени.
Избирачките места се затвораат во 20:00 часот, а на политичките партии им се потребни 233 пратенички места за мнозинство во Парламентот и за формирање нова влада во Јапонија.
Во досегашниот состав, владејачката Либерална демократска партија (ЛДП) има 276, а нејзиниот колиционен партнер Камеито 29 пратеници.
Последните предизборни анкети покажаа дека на изборите ќе излезат 56 проценти регистрирани гласачи, а актуелниот премиер Кишиде Фумио и неговата партија имаат поддршка од 29,6 проценти испитаници. Одлука за кого ќе гласаат сè уште не донеле 39,4 проценти од гласачите, а всушност тие гласови ќе откријат колкава поддршка од гласачите имаат јапонските либерали.