Ihvan Radoykov
04 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
СОФИЈА (АА) - Започна гласањето на парламентарните избори во Бугарија за избирање на 45. состав на Парламентот на оваа земја, а право на глас имаат 6,35 милиони жители, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласањето започна во 7:00 часот по локално време со спроведување на мерките против новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Ова се 11. избори одржани од 1989 година, кога Бугарија премина во демократија.
Во земјата се отворени 12.630 избирачки центри, а во странство 465 избирачки центри.
На овие избори има 6.895 кандидати од 30 партии и коалиции.
Акредитирани се над 3.000 домашни и странски набљудувачи.
Гласањето ќе трае до 20:00 часот по локално време, а со одлука на Централната изборна комисија гласањето може да биде продолжено најмногу уште еден час.
Инаку, Парламентот на Бугарија брои 240 пратенички места.