Talha Yavuz
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
КИЕВ (АА) - Проруските сепаратисти 10 пати го прекршија примирјето во Донбас, регион во источниот дел на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврдија Вооружените сили на Украина.
Во соопштението се вели дека проруските сепаратисти вчера 10 пати го прекршиле примирјето во местата Писки, Хнутове, Широкино, Водјане, Авдијувка, кои се наоѓаат во Донбас.