Ekipa
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
ЏAKАРТА (АА) - Најмалку 44 лица ги изгубија животите, а седум се водат за исчезнати по поплавите и лизгањето на земјиштето што зафатија остров во јужна Индонезија утрово, а бројот на загинати се очекува да расте, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Националната агенција за ублажување на катастрофи (BNPB), Радитија Јати, изјави дека жртвите се од три села во покраината Источна Нуса Тенггара. Агенцијата сè уште ги ажурира податоците од терен.
„Најмалку 38 лица загинаа во селото Ламанеле, 3 лица загинаа во селото Ваибурак, 3 лица во селото Ојанг. Вкупно 44 лица загинаа, 7 се водат за исчезнати“, рече Јати во денешната изјава.
Маса од кал се спушти од околните ридови по полноќ и зафати речиси 50 куќи во селото Ламенеле на островот Флорес.
Агенцијата соопшти дека поплавите се резултат на обилните врнежи од дожд во Источен Флорес во последните неколку часа.