Yusuf Özcan
08 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
ПАРИЗ (АА) - Обвинителството во Париз започна истрага во врска со случајот во кој се тврди дека имало полициско насилство на демонстрациите во Париз каде беа ранети три лица, меѓу кои и фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) во овој град, Мустафа Јалчин.
Според вестите на француските медиуми, Обинителството во Париз отвори истрага против полициското насилство на демоснтрациите на булеварот Магента каде во левото око беше ранет Јалчин.
Се вели дека истрагата ќе ја води Генералниот инспекторијат на националната полиција (IGPN).
Се наведува дека еден повреден демонстрант бил претепан од двајца полицајци додека бил на земја.
- Повреден фоторепортерот на АА
Јалчин додека ги следеше демоснтрациите на терен, беше повреден во окото поради оштетување на неговата маска од страна на еден предмет.
Окото на Јалчин крвареше поради тоа што се скрши стаклото на неговата маска, додека по првата интервенција на терен, Јалчин беше пренесен во болницата „Кошин“, каде беше и опериран. Операцијата траеше околу 6 часа.
Се претпоставуваше дека Јалчин бил погоден од солзавец користен од страна на полицијата, но според францускиот спасувач, Ронан Пакс, кој ја изврши првата интервенција врз фоторепортерот на АА, окото на Јалчин било погодено од пластична рачна бомба на француската полиција.
Одвреме-навреме се случуваат судири меѓу полицијата и десетиците илјади демонстранти кои протестираат низ Франција, пред сè во Париз.
За време на полициската интервенција, покрај Јалчин повредени се уште двајца новинари.