СКОПЈЕ / САРАЕВО
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 3.418.998 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 164.909.957 лица, а оздравеа 143.884.743 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 33.774.945 случаи на заразување со Ковид-19. По САД следуваат Индија со 25.496.330, Бразил со 15.735.485 и Франција со 5.898.347, Турција со 5.139.485, Русија со 4.957.756, Велика Британија со 4.450.392, Италија со 4.167.025, Шпанија со 3.619.848 и Германија е на десеттото место со 3.615.896 заразени со коронавирусот.
Земја со најголем број на смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус во светот е САД со 601.330. Следуваат Бразил со 439.379, Индија со 283.276, Мексико со 220.746, Велика Британија со 127.691, Италија со 124.497, Русија со 116.575, Франција со 108.040, Германија со 87.148 и Колумбија на десеттото место со 82.291 смртни случаи.
На светско ниво досега се вакцинирани над 1,5 милијарди луѓе, од кои 360 милиони ги имаатпримено и двете дози на вакцината против Ковид-19. Интернет-порталот „Ourworldindata.org“ ги следи информациите во врска со вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од светот и според него, досега, заклучно со 17 мај, во Северна Македонија се аплицирани околу 203 илјади вакцини, при што и со втората доза, вакцинирани се 26,415 лица.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, објави дека заработил 5,1 милиони долари од книгата за лидерство „Ковид-19“, која тематски ја обработува неговата работа во периодот на пандемијата на Ковид-19.
Индија продолжува да е земја со највисока смртност на дневна основа во светот. Според порталот „Worldometers“, во оваа земја во последните 24 часа се забележани 4.525 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, што претставува највисока смртност досега на дневно ниво.
Во рамките на превентивните мерки против Ковид-19, Австралија забрани влез во земјата, што беше причина да почине еден Австралиец позитивен на коронавирусот, бидејќи не можел да влезе во својата земја по посетата на Индија.
Владата на Италија донесе одлука за постепено укинување на ноќниот полициски час, кој е во сила веќе некое време поради пандемијата на Ковид-19.
Покрај тоа, во Италија на една жена случајно ѝ биле дадени четири дози од вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“ во една инјекција. Во кампањата за вакцинација во италијанскиот град Ливорно, во областа Тоскана, 67-годишната жена случајно била предозирана со вакцина против Ковид-19. Кај жената не е забележана никаква вознемирувачка ситуација, но таа била хоспитализирана и ставена под контрола од превентивен аспект.
Во Унгарија Парламентот го прифати Нацрт-законот што предвидува до крајот на септември да продолжи „итната состојба“ воведена во земјата од претпазливост против ширењето на епидемијата на Ковид-19.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги советуваше навивачите да не патуваат во Италија и Азербејџан, каде што репрезентацијата на Велс ќе ги игра натпреварите по групи на Европското првенство во фудбал 2020.
Во март, кога продолжија мерките против Ковид-19, извозот на Европската Унија (ЕУ) се зголеми за 10,6 % во споредба со истиот период минатата година.
Објавено е дека епидемијата на Ковид-19 негативно влијаеше на економиите на водечките земји од африканскиот континент.
Се предвидува дека Јапонија оваа недела ќе дозволи користење на вакцината „Модерна“ против Ковид-19.
Узбекистан прими уште 1 милион дози од вакцината ЗФ2001 против Ковид-19 развиена од кинеската фармацевтска компанија „Анхуи Жифеи Лонгком“ и Кинеската академија на науки.
news_share_descriptionsubscription_contact
