Zeynep Tüfekçi Gülay
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ГАЗА
Во израелскиот напад врз Појасот Газа загина новинар кој работел на локалната радио станица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелските воени авиони бомбардираа куќа на западниот дел на Газа. Во нападот загина Јусуф Ебу Хусеин кој работел на локалното радио.
Бројот на мртвите во израелските напади врз Појасот Газа е зголемен на 221.
Бомбардирана е и една куќа на западниот дел на Газа, во близина на бегалскиот камп Џибалја. Причинета е голема материјална штета на објектите во близина.
Израел од 10 мај од воздух и од копно врши напади врз Појасот Газа. И покрај реакциите од светот, Израел ги продолжи жестоките напади во Газа во која живеат околу два милиони жители.