Ekip
16 Јуни 2024•Ажурирај: 17 Јуни 2024
ГАЗА (АА) - Муслиманите ширум светот со голема радост утрово го дочекаа празникот Курбан бајрам. Празникот го дочекаа и Палестинците во Газа, но атмосферата во Газа е далеку од свечена и радосна, известува Анадолу.
Палестинците утринава ја клањаа бајрамската молитва на урнатините на своите некогашни домови, потполно уништени во израелските напади кои траат од 7. октомври минатата година.
По бајрамската молитва бројни семејства ги посетија локалните гробишта каде почиваат нивните најмили. На гробиштата во Деир ал Балах можеа да се видат семејства, деца како и бројни ранети Палестинци кои дошле во колички.
Најмалку 37.296 Палестинци се убиени во бруталните израелски бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа од 7. октомври минатата година, соопшти вчера Министерството за здравство на опколената енклава.