свет

Палестинец претепан до смрт од израелските сили на окупираниот Западен Брег

- Палестинското друштво на Црвената полумесечина (PRCS) соопшти дека неговите тимови го примиле телото на 57-годишен маж во Рамала од израелска страна откако се здобил со удар во главата.

Betül Yılmaz  | 15.10.2025 - Обновена : 15.10.2025
Палестинец претепан до смрт од израелските сили на окупираниот Западен Брег

РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинец денес беше претепан до смрт од страна на израелските армиски сили во окупираниот Западен Брег, соопштија медицински лица, јавува Анадолу.

Палестинското друштво на Црвената полумесечина (PRCS) соопшти дека неговите тимови го примиле телото на 57-годишен маж во Рамала од израелска страна откако се здобил со удар во главата.

Сведоци за Анадолу изјавија дека Палестинецот, од градот Забабдех, јужно од Џенин во северниот дел на Западниот Брег, бил претепан додека се обидувал да премине преку израелскиот ѕид, за да стигне на работа во Израел.

Тел Авив го изгради ѕидот за одвојување помеѓу окупираниот Западен Брег и Израел во 2002 година, наведувајќи безбедносни причини.

Во 2004 година, Меѓународниот суд на правдата издаде советодавно мислење со кое ја прогласи бариерата за нелегална и спротивна на меѓународното право.

Израелските воени сили редовно ги напаѓаат палестинските цивили кои се приближуваат кон бариерата, која групите за човекови права ја осудуваат како „ѕид на апартхејдот“.

Според палестинските бројки, повеќе од 1.051 лице се убиени на Западниот Брег, околу 10.300 се ранети, а над 20.000 се приведени, вклучувајќи 1.600 деца, од почетокот на израелската војна во Газа во октомври 2023 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.