свет

Палестина нема да претседава со Арапската лига поради договорите за нормализација со Израел

„Оваа одлука е донесена по ставот на поддршка што го зазеде Секретаријатот на Арапската лига кон ОАЕ и Бахреин, кои ги нормализираа нивните односи со Израел, притоа прекршувајќи ја Арапската мировна иницијатива“

Ekipa  | 22.09.2020 - Обновена : 23.09.2020
Палестина нема да претседава со Арапската лига поради договорите за нормализација со Израел

РАМАЛА (АА) - Палестина се откажа од правото да го преземе ротирачкото претседателство со Арапската лига во знак на протест против неодамна потпишаните договори за нормализирање на односите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин со Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Оваа одлука е донесена по ставот на поддршка што го зазеде Секретаријатот на Арапската лига кон ОАЕ и Бахреин, кои ги нормализираа нивните односи со Израел, притоа прекршувајќи ја Арапската мировна иницијатива“, изјави палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, на прес-конференција во Рамала.

„Одредени влијателни арапски држави одбија да го осудат прекршувањето на Иницијативата“, рече тој.

Ал Малики, сепак, истакна дека Палестина нема да се повлече од Арапската лига.

На 9 септември, панарапското тело не издаде резолуција со која го осудува потегот на Абу Даби и Манама за нормализирање на нивните односи со Израел.

На 15 септември, ОАЕ и Бахреин потпишаа договори за воспоставување дипломатски односи со Израел, со посредство на Соединетите Американски Држави (САД), и покрај острата осуда од Палестинците.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.