свет

Израел како услов во трговските преговори меѓу САД и Кенија

Весникот „Ист Африкан“ („The East African“) јавува дека САД, како услов за потпишување договор, од Кенија бараат да не ги поддржува кампањите против Израел и да не ги загрозува израелските економски интереси

Tufan Aktaş  | 22.09.2020 - Обновена : 23.09.2020
Израел како услов во трговските преговори меѓу САД и Кенија

ИСТАНБУЛ (АА) - Властите на Соединетите Американски Држави (САД) и Кенија водат преговори за воспоставување слободна трговија, а локалните медиуми јавуваат дека Вашингтон на Најроби му поставил услов за развој на односите со Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Весникот „Ист Африкан“ („The East African“) јавува дека САД, како услов за потпишување договор, од Кенија бараат да не ги поддржува кампањите против Израел и да не ги загрозува израелските економски интереси.

Американскиот амбасадор во Најроби, Кајл Меккартер, не сакаше да одговори на новинарското прашање дали Израел бил тема за време на трговските преговори.

Кенија заговара решавање на блискоисточната криза врз основа на воспоставување две независни држави и американскиот услов би можел да ја доведе таа африканска земја во незавидна позиција.

Американско-кениските трговски преговори започнаа во јули, со цел воспоставување трговија без царина и зголемување на трговската размена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın