Esat Fırat
29 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
РАМАЛА (АА) - Во Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) живеат вкупно 4 милиони и 780 илјади Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинската агенција за статистика на прес-конференцијата во Рамала ги објави најновите податоци за демографската слика на Палестинците.
Ула Авад, претседателката на Агенцијата за статистика, изјави дека Пописот од 2017 година покажа дека на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) живеат 2 милиона и 881 илјади Палестинци.
Таа додаде дека бројот на Палестинци во Појасот Газа моментално изнесува 1 милион и 899 илјади.
Напомена дека стапкатата на невработеност во овие области изнесува 26,3 отсто.
Авад истакна дека Пописот на жителите покажал дека на подрачјето во Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) живеат 46.850 христијани.
Просечниот број на членови во семејствата во овие области е 5,1, додека просечната стапка на фертилитет 4,4, односно, жените во овие области, во просек раѓаат повеќе од четири деца.
Авад додаде дека меѓу Палестинците има 255.224 лица со инвалидност, што е 5,8 отсто од вкупното население, додека бројот на неписмени лица паднал под 4 отсто.