Ekipa
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американската амбасадорка при Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) нема повеќе да покриваат 28,5 отсто од мировните операции на ОН во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на заседанието на Советот за безбедност на ОН за реформите на мировните мисии, Хејли истакна дека САД својот удел за мировни операции ќе го намалат на, како што рече, чесен и ветувачки начин со кој ќе бидат заштитени мировните мисии на ОН.
„Една земја не би требало да плаќа повеќе од 25 отсто од трошоците во рамките на мировните мисии на ОН“, изјави Хејли.
На инстистирање на Вашингтон, сегашниот Буџет на мировните мисии е намален за 570 милиони долари во однос на 2017 година.
Инаку, годишниот Буџет на мировните операции на ОН изнесува околу 7,3 милијарди долари.
САД се најголеми финансиери на 15 мировни мисии на ОН низ светот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека и Буџетот на мировните мисии, како и американскиот удел во него, се превисоки.