Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ПАЏУ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џеј Ин ќе се состанат на 27 април оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, објави дека денес е одржан состанок на официјални лица од двете земји во пограничната зона, поточно во селото Панмуњом.
По состанокот, беше потврдено дека лидерите Ким и Мун ќе одржат состанок на 27 април, како дел од Самитот што ќе се одржи во Куќата на мирот во демилитаризираната зона, јужно од селото Панмуњом.
Делегациите се согласија следната недела да одржат работен состанок на кој ќе биде разговарано за протоколот на Самитот и за мерките за безбедност.
Последните самити на Јужна и Северна Кореја се одржаа во 2000 и 2007 година.
По средбата со претседателот на Јужна Кореја, Ким Јонг Ун до мај треба да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп.