Övünç Kutlu
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Еден од најпрестижните светски саеми на автомобилизмот „New York International Auto Show“ ги отвори вратите за посетителите, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за саем кој се одржува по 118. пат во Менхетен и ќе трае до 8 април.

Претставниците на медиумите денес можат да ја разгледаат изложбата на најпрестижните 30 автомобилски брендови, а во наредните денови се очекува да бидат промовирани најмалку 60 нови модели.
Посебно внимание на посетителите ќе привлечат штандовите со концептуални и електрични автомобили.

Утрово 82 новинари од 24 земји гласаа и ги избраа добитниците на наградите „World Car 2018“, кои се доделуваат во шест категории.
„Волво XC60“ беше прогласен за најдобар автомобил на годината, а „ауди A8“ ја освои наградата за најдобар луксузен автомобил.

Наградата за еколошки возила ја доби „нисан лиф“ (Nisan Leaf), додека „фолксваген поло“ (Volkswagen Polo) е изгласан за најдобар градски автомобил.
Наградата за најдобри перформанси ја освои „БМВ M5“, а автомобилот „ренџ ровер велар“ ја доби наградата за најдобар дизајн.