Betül Yürük
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, соопшти дека таа земја ќе биде во трка за членство во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) јавува Anadolu Agency (AA).
Мас ијзави дека како една од земјите со најголем придонес за ОН и големата улога кога станува збор за хуманитарната помош, сакаат свој претставник во СБОН. Освен тоа, укажа и на тоа дека борбата против климатските промени е еден од приоритетите на Германија.
СБОН има пет постојани членки, а тоа се САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија. Овие земји имаат право на вето во донесување одлуки за одредени меѓународни прашања.
Покрај постојаните членки тука се и 10 привремени, кои тој статус го имаат две години, а на пет од нив статусот се менува секоја година.
Германија, Белгија и Израел се борат за едно од двете места што ќе се ослободат во групата Западна Европа и други (ЗЕДГ) за членство во период 2019/2020 година.
Германија последен пат беше приверемена членка на СБОН во периодот 2011/2012 година.
За една земја да добие членство во СБОН, потребно е да добие две третини гласови на изборите во Генералното собрание на ОН, кое има 193 членки. Се очекува овогодишното гласање да биде одржано во јуни.