Ekip?
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
КАРАЧИ (АА) - Најмалку шест лица, меѓу кои четворица војници загинаа денес, а 17 се повредени во експлозија во пакистанскиот град Лахоре, објави полицијата и локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, експлозијата погодила возило во кое бил персоналот што врши попис на населението, што е во тек во Пакистан.
Рана Санаулах, министер за правда во пакистанката покраина Пунџаб, истакна дека тимот за спроведување на пописот бил цел на напаѓачот.
Од почетокот на пописот тимовите ги обезбедуваат припадници на пакистанските војници. Официјалните информации за начинот на којшто е изведен нападот нема, но локалните медиуми наведуваат дека напаѓачот на велосипед влетал во комбето во коешто се превезувал пописниот тим.
Денешниот инцидент во Лахоре е втор терористички напад за помалку од два месеца во овој град, кој важи за трговска престолнина на Пакистан.